Обединување на македонските партии во Србија пред изборите за Националниот совет на Македонците
Партијата на Македонците во Србија (СМС) и Демократската партија на Македонците (ДПМ) на состаноците во Панчево на 28 октомври и во Пландиште, на 1 ноември, постигнаа договор за заедничко настапување на двете македонски партии, на сите полиња на политичкото делување и на сите процеси од локално до парламентарно ниво, се наведува во соопштението од двете партии доставено до дописникот на МИА во Белград.