Косовскиот заменик-министер обвинет за примање поткуп останува во притвор
Косовскиот Апелациски суд ги отфрли како неосновани жалбите на адвокатите против одлуката за 30-дневен притвор за заменик-министерот за регионален развој на Косово, Муса Цена и две други лица обвинети за „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба“, јави дописникот на МИА од Приштина.