Коѕијас: Се надевам дека сѐ ќе биде во ред со Договорот од Преспа
Се надевам дека ќе биде сѐ во ред со Договорот од Преспа, бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите, рече доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато.