Повеќе од една петина од Србите сакаат да ја напуштат земјата
Над една петина од српските граѓани, односно 22 проценти, потенцијално сакаат да се иселат од земјата, покажаа резултатите од истражувањето на тема „Зошто луѓето ја напуштаат Србија“, кое го спроведе организацијата „Србија 21“, во јуни и јули годинава на примерок од илјада полнолетни граѓани.