Каменос: Во САД доставив предлог како коалициски партнер и тој ме обврзува само мене
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, преку неговиот официјален Твитер профил ги демантира објавените информации во весникот “Ефимерида тон синдактон”, дека телефонски разговарал со премиерот и објаснува дека предлогот пред претставниците на американската администрација бил даден од него како коалициски партнер, и го обврзува само него, јави дописничката на МИА од Атина.