Градоначалникот на Митровица во Газивода: Смешно е што Тачи дојде тука со полициски сили
Градоначалникот на јужниот дел од поделениот косовски град Митровица, Агим Бахтири, денеска во придружба на екипа на приштинската телевизијата Т7 го посети вештачкото езеро Газивода (Ујмир) на границата меѓу Косово и Србија, недела дена откако тоа го стори косовскиот претседател Хашим Тачи, јави дописникот на МИА од Приштина.