Папакоста: Ако договорот од Преспа им служи на грчките национални интереси ќе гласаме „за“
Ние ќе го измериме договорот и на нашата вага ќе натежне една работа: националниот интерес, вели заменичката министерка за цивилна заштита на Грција, Катерина Папакоста, која до лани беше член и пратеник на Нова демократија, а сега како лидер на новоформираната партија НЕО, при последната реконструкција, стана дел од грчката Влада.