Турција ќе го поддржи Косово за нови признавања и зачленување во Интерпол
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на средбата во Њујорк со косовскиот претседател Хашим Тачи, вети поддршка за Косово за обезбедување нови признавања на независноста, како и за зачленување во Интерпол на Генералното собрание на организацијата, што во ноември ќе се одржи во Дубаи, соопшти кабинетот на Тачи.