Во Мостар има повеќе од 1.200 патолошки коцкари, во БиХ близу 50.000
Нема зборови со кои може да се опише ужасот од последиците од патолошко коцкање, вели Марко Ромиќ, единствениот човек во Босна и Херцеговина, кој континуирано се занимава со лекување на оваа болест. Ромиќ е психолог специјалист за травметска психологија во мостарскиот Дом на здравје, но и водач на КЛОК (Клуб на лекувани зависници од коцкање).