Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре ќе ги прати писмата до ЕУ и НАТО
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас за денеска најави дека ќе ги потпише, а утре наутро ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.