Мицотакис: Ако Скопје не го смени Уставот, нема за што да разговараме
Претседателот на опозициската Нова демократија, упати остри критики до Ципрас во однос на тоа како управува со прашањето за името, вели дека грчкиот премиер уште од почетокот води погрешна преговарачка политика, затоа што требало, според Мицотакис, уште на самиот почеток да побара уставни промени.