Во отсуство на Борисов и Габриел, бугарскиот Парламент ја прифати оставката на владата
Парламентот на Бугарија, едногласно, со 216 гласа „за“ ја прифати оставката на премиерот Николај Денков и на владата. Одлуката е донесена во отсуство на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и вицепремиерката Марија Габриел, која според планот треба да биде идниот премиер.