Намалени паричните награди за победниците на УС Опен
Победниците во машка и женска конкуренција во синглови на претстојниот УС Опен во Њујорк ќе добијат 850.000 долари помалку парични награди во споредба со лани. Ова намалување се должи на пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите на турнирот, пренесува „ESPN“.