Објавен трејлер за филмот „Мајмун“ заснован на расказ на Стивен Кинг, четири ТВ-станици, наводно, одбиле да го прикажат
Објавен е трејлер за новиот хорор-филм заснован на расказот „Мајмун“ на Стивен Кинг од 1980 година. Филмот во кината треба да се појави кон крајот на февруари, но продукциската куќа „Неон“ откри дека четири телевизиски станици, наводно, одбиле да го прикажат трејлерот, поради премногу насилство.