Почина ѕвездата на „Тарзан“ од 60-тите, Рон Или
Американскиот глумец Рон Или, можеби најпознат по улогата на Тарзан во истоимената телевизиска серија од 1960-тите, почина на 86-годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Актерот починал во својот дом во Санта Барбара, Калифорнија, САД, на 29 септември, а веста е објавена сега.