ФОН: Се формира регионален центар на Европската комисија за европски студии
Генералниот директор на Универзитетот ФОН, Сефер Цаноски и директорот на Европскиот Институт „CIFE“ од Ница, Франција, Матијас Вахтер денеска информираа дека го почнуваат процесот за заеднички студии, двојни дипломи, краткорочни и долгорочни курсеви, како и летни и зимски школи од областа на евроинтеграциите. Програмата ќе биде насловена „We bring Europe!“