Засадени 25 јасени во ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел
Во училишниот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, денеска беа засадени 25 јасенови дрва. Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, директорката на училиштето, заедно со учениците и наставниците од секцијата по биологија учествуваа во овој еколошки хепенинг за поубава и позелена еколошка средина.