Скопје во мај домаќин на самит на европски слободни економски зони
Скопје ќе биде домаќин на самит на европските слободни економски зони, што ќе се одржи од 2 до 4 мај годинава. Се очекуваат над 350 претставници од цел свет, а организатор е Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони, која самитот ќе го организира во соработка со Организацијата на светски слободни зони.