Десет високо квалитетни прочистувачи за воздух доби ЈЗУ Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти - средношколци, Град Скопје и годинава ќе додели стипендии на спортисти - средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.
Градските власти ги повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да аплицираат на распишаниот јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата, што се од интерес на Град Скопје. Овој повик е во рамки на проектот „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“.
Водата со голема брзина се разлеа по булеварот, што предизвика хаос во сообраќајот, а кога екипите на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, а улицата се исполни со кал.
Инспекторите на Град Скопје денеска извршија вонреден инспекциски надзор во просториите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир, по пишувањата во медиумите дека котелот што се користи за загревање на просториите и на водата за потребите на болницата чади и прекумерно загадува.
Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа, утре без снабдување со струја ќе останат корисниците од општините Центар и Карпош, информираат од РЦУК по добиено известување од ЕВН АД Македонија.
Здружението „Канцерогено општество“ по една недела денеска повторно организира протест пред Собранието на Република Македонија за да ги алармира надлежните за опасно загадениот возхух и неговите штетни последици. Кристијан Узунов од Здружението рече дека доколку Владата не закаже итна седница, ќе ги радикализираат протестите и ќе блокираат сообраќајници низ државата.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје соопшти дека во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, започнале масовна акција за чистење, што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.
Со денешното потпишување меморандум Градот Скопје и Управата за извршување санкции ги поставија основите на меѓусебна соработка за јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба.
Како што соопшти општината, пред жителите од овој дел на градот планот беше стручно објаснет од планерската куќа која го изведува урбанистичкото решение.