Градоначалникот на Атина утре во посета на Скопје
На покана на неговиот скопски колега, Петре Шилегов, атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис, утре ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 - годишнината од скопскиот земјотрес во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.