Генералниот секретар на Град Скопје, Глигоров, по примерот на Арсовска, даде изјава за медиумите па не дозволи новинарски прашања
Откако ја даде напишаната изјава пред медиумите, Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров одбегна да одговара на новинарски прашања во врска со блокадите и сообраќајниот хаос во главниот град и ги упати новинарите да испратат прашања на електронската адреса.