На Задушница ќе сообраќаат дополнителен број возила на линиите 59, 59А и 59Б
Поради верскиот празник Задушница, петок (4.11.2022 година) и во сабота (5.11.2022 година), на редовните линии 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А(Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.