Арсовска: Реализираме проект за изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци
Решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје, најави на денешната прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска