15 нови локации во Градскиот парк, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ и кејот на реката Вардар за урбана опрема
Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ја донесе Одлуката за определување локации за поставување урбана опрема подвижни објекти, апарати и други направи во Градскиот парк Скопје, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар