Одбележан Денот на мултипла склероза - Градот Скопје со поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста
По повод одбележувањето на Денот на мултипла склероза, параплегија и дистрофија, денеска во Скопје во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржа јавен настан под мотото „МС Поврзувања" за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза