Градоначалникот на Карпош, Богоев побара поголемо присуство на полицијата на терен и почести патроли
Министерот Спасовски потсети дека еден од стратешките проекти, што заедно се работи со Мисијата на ОБСЕ во Скопје е работа со заедницата, како исклучително важна за полициското работење. Колку повеќе и посилно ќе биде таа поддршка и партнерство помеѓу граѓаните и полицијата, истакна тој, толку ќе биде и поголема безбедноста и довербата во институцијата