Зоолошката градина доби 41 диносаурус сместени во Дино парк
Дино парк каде се поставени 41 фигура од диносауруси во природна големина е отворен вечерва во Зоолошката градина во Скопје. Паркот зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, како и поставки со мали диносауруси.