Шилегов: Со брз автобуски превоз до почиста средина и поквалитетен живот во Скопје
Град Скопје планира да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, со имплементација на две линии за брз автобуски транспорт - Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12.81 km и 21 автобуска станица, а планирана е и Линија 2 (север – југ од железничката станица на бул. БИХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10.4 km со 20 автобуски станици