Поставени 42 патокази на планинарските патеки на Водно
Поставени се 42 патокази на планинарските патеки на Водно, 12 патокази на велосипедската патека на Скопска Црна Гора, шест информативни табли на Водно (на патеките Словенска патека, Средно Водно, Македонско село – Г. Нерези, Матка (кајакарски мост), Врв Водно, Горно Соње), како и две информативни табли на планинско велосипедската патека (манастир. Св. Никита и манастир Св. Илија), информираа од Федерацијата за планинарство на Македонија