Општина Кисела Вода привремено ќе ангажира 15 образовни асистенти
Петнаесет лица со завршено високо образование од профилот дипломиран дефектолог, педагог, психолог, професор (одделенски, предметен) ќе бидат привремено вработени од Општина Кисела Вода преку Програмата „Општинско корисна работа“, проект „Учиме, се воспитуваме, другаруваме“.