Шилегов: Нови полуподземни контејнери се тестираат во Карпош 3
Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска одржаа прес-конференција на улицата „Никола Русински“ во Карпош 3 каде што се поставени полуподземни контејнери