Општина Карпош: Салата „Партизан“ е статички стабилна – се задржува автентичниот изглед
Експертски тим на Општина Карпош изврши проценка на статичката стабилност и употребливост на салата „Партизан“ и утврди дека објектот е направен од армирано бетонска конструкција, која е во генерално добра состојба, што значи дека со санацијата на објектот и неговите инсталации, тој може повторно да се врати во функција, соопшти Општина Карпош