Шилегов: Направивме погрешна проценка за ѓубрето, сликите нема да ни се повторат
Немавме проблем со комуналниот отпад и нема да имаме. Состојбата е за еден ден. Се појави еден ден криза и ќе ја надминеме. Од утре состојбата ќе се воведе во нормала и ќе станат минато сликите кои денеска беа споделувани на социјалните мрежи со преполни контејнери. Таквите слики нема да ни се повторат за велигденските празници и покрај тридневниот полициски час, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов.