Почна да се гради паркот во Мичурин
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните работи при изградбата на новиот парк во населбата Мичурин. Овој урбан парк што се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“ ќе зафаќа површина од 3 573 квадратни метри, а ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите, а ќе има и артерски бунар за наводнување