Шилегов ги бара спомениците од „Скопје 2014“, одлуката ќе ја чека после избори
Град Скопје поднел барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Имајќи предвид дека станува збор за предизборен период, Советите ќе треба да донесат одлуки што ќе овозможат тоа законски да се реализира.