Од запуштен јавен простор до нов градски парк во Карпош
Град Скопје во соработка со Општина Карпош ќе реализира проект за изведба на нов парк во населбата Карпош 4, кој ќе се простира долж бул. „Илинден“ на површина од 60.000 м2. Паркот ќе биде лоциран врз јавниот простор, кој повеќе децении делува запуштено и претставува потенцијално место за создавање на диви депонии и палење на огнови на отворено