JosS во новиот подкаст на ROOMANIA
Аудио серијалот на диџеј миксови Roomania ја објави втората епизода од сезоната насловена "Cave of hands", на платформата SoundCloud. ''Cave of hands'' или ''Пештера од раце'', ја симболизира временската оддалеченост од живите клупски настани каде дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во новата епизода гостин е Стефан Јосифовски - DJ JosS од Битола.