Пипкинс е нов плеј на Гостивар
Според информацијата од клубот, станува збор за 26 годишен плејмејкер со висина од 180 см. Тој минатата сезона настапувал во Грузиската прва лига за тимот Рустави. Овој плеј има импресивна статистика со просек од 15,9 поени, 3,9 скока, 5,2 асистенции и 2,7 украдени топки по натпревар.