Треј Томпкинс, кошаркар на Реал Мадрид заразен со новиот коронавирус
Треј Томпкинс (29) е заразениот кошаркар на Реал Мадрид со Ковид-19. Шпанските медиуми во текот на денот ја објавија веста за присуство на коронавирус во кошаркарската секција на „кралевите“, а сега е откриено и за кого станува збор.