Секоја жена барем еднаш во својот живот одглумила дека доживеала оргазам додека поголем број од нив тоа го прават доста уверливо и доста често. Тоа се случува најчесто поради тоа што неможат да доживеат оргазам со својот партнер од икс причини, меѓутоа изненадува фактот дека тоа се случува многу често во текот на сексуалниот чин со своите избраници.

Кај вкупно 2300 жени била спроведена анкета во врска со женскиот оргазам и резулатите се запреставучки. Вкупно 63% од жените се изјасниле дека барем еднаш во својот сексуален живот одглумиле оргазам а дури15% од нив тоа го прават постојано.

Иако машките многу ретко можат да почуствуваат дали жената глуми или навистина доживува оргазам на прашањето кои се причините за да одглумат оргазам 28% одговориле дека тоа го прават за да не го повредат егото на својот партнер додека 27% се решаваат на таков чекор за побрзо да го завршат сексуалниот однос знаејќи дека нема да доживеат оргазам.

78 проценти од жените истакнале дека се свесни дека на нивниот партнер му е важно тие да доживеат оргазам а дури 72 проценти се изјасниле дека имале партнер кој го прекинувал сексот од кога тој ќе доживеел оргазам.

39 проценти од жените, оргазмот го доживуваат во тек на сексот со помош на рака или сексуално помагало, 20 проценти преку стимулација на клиторисот, 15 проценти без стимулација на клиторисот, 12 проценти во тек на орален секс а само 9 проценти доживуваат оргазам со стимулација на клиторисот од страна на партнерот.


Во однос на годините, најголемиот број на жени првиот оргазам го доживеала и помеѓу 17 и 19 години, десет проценти го доживеале пред 17 години а 4 проценти од анкетираните жени чекале за првиот оргазам дури и до 35-тата година од својот живот.


Администратор
26/10/2016 00:32