Лица од СДС уценувале советничка да гласа за нивната партија во Советот на општина Гази Баба, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Случајот е пријавен и во полиција.
„Вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори. Имено додека траеше конститутивната седница посетен е домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им билА испратена директна закана, цитирам: ‘Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели’. Фрапантно, до таму стигнаа, наместо проекти и дела, СДС сака да владее со молотови коктели и страв“, рече Бојковски.