„Зборот чесност се девалвира кога доаѓа од Зоран Заев, човекот кој од позиција на градоначалник беше видеодокументиран како бара мито од 200.000 евра. Безочно и дрско. Кажувајќи дека тоа е пракса која ја практикува со сите.
Нема премиер на друга држава освен Заев кој е фатен на видео како бара мито од 200.000 евра и око не му трепнува.
Дополнително го укинаа Советот за јавни набавки за да прават криминални тендери. А кога нема тендери во 4 очи даваат договори за закуп како што беше тоа со случајот Тополка на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Што се однесува до градоначалниците на СДС сосема е познато на кој начин дојдоа на власт. На криминални избори, каде имавме кршени штабови, убиен носител на советничка листа, скршен череп на градоначалник, тепања, поткуп и притисоци кои гледаме дека продолжуваат и периодов како што е последниот пример во Гази Баба. Главното ветување им беше чист воздух, наместо тоа Градот Скопје и поголемите други градови се гушат во уште позагаден воздух.
Шилегов наместо живот донесе поскап паркинг, најава за забрана за движење на постари автомобили со кој директно ќе удри по сиромашните, а еве денес наместо зеленило почна и со сеча на паркот во Чаир.
Луѓето што победија на криминални избори ќе продолжат со криминал“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.