ВМРО-ДПМНЕ достави писмо во кое бара одговор од Народниот правобранител за прекршување на човековите права, Уставот и за прекршување на пресумцијата на невиност
Денес имавме средба со Народниот правобранител на Република Македонија, една од многуте институции кои во изминатиот период ги имавме посетено, покрај петнаесете дипломатски претставништва со единствена цел барање на правдина за нашите колеги и сите притворени во случајот за 27-ми април, ова денеска на прес-конференција го истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.
-Доставивме писмо во кое бараме одговори од Народниот правобранител за прекршување на човековите права, за прекршување на Уставот на Република Македонија и за прекршување на пресумцијата на невиност. Она што го добивме денес како одговор е дека институцијата Народен правобранител веќе има отворено четири постапки по однос на овој предмет и тоа во делот на полициското делување и во делот на судството. Ние ќе бидеме во постојан контакт со Народниот правобранител и ќе видиме на каков начин ќе се одвива целокупната постапка, затоа што рокот за барањата што ги има до сите институции од кои бара одговори истекуваат за два дена, потенцираше Кузмановска.
Таа потенцира дека како пратеници застануваат зад одлуката за преиспитување на мерката за приведување, односно лишување од слобода на нашите колеги пратеници, каде очигледно е прекршена постапката со непочитување на процесот на одземање имунитет. Народниот правобранител ќе излезе со целосна информација по заокружување на овој процес, меѓутоа она што беше наша заедничка констатација е дека постои прекршување во делот на постапките кои се спроведоа во делот на приведувањето на пратениците од страна на институциите, но и за се она што значи пресумција на невиност и прекршување на Уставот .