Денес како предлог на дневен ред предложен од градоначалникот Шилегов до Советот на Град Скопје е точка поскапување на цената на водата на жителите на градот Скопје.
Се предвидува етапно цената на водата во Скопје да поскапи за цели 35% што по поскапување на цената на нафтата ќе преставува нов ценовен шок за граѓаните.
Значи со овој предлог Скопјани наместо 12 ќе плаќаат 16 сметки за вода годишно.
Ако плаќале домаќинствата 1.000 денари месечно по поскапувањето ќе треба да плаќаат 1.350 денари.
Скопјани ќе треба да го плаќаат луксузирањето на СДСМ и Шилегов, додека градот Скопје се соочува со неефикасност, неработа и најзалудно потрошените први 100 дена од работата на било кој претходен градоначалник на Скопје, без ниту еден отпочнат капитален проект.
Како резултат на притисокот од јавноста, и неоправданоста на одлуката која сакаа на мала врата да се помине, владата излезе со препорака во однос на одлуката за покачување на цената на водата што е уште еден доказ дека покачувањето на цената е реалност наспроти несмасните обиди за правдање на градоначалникот Шилегов и Градот Скопје.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ се против покачување на цената на водата, и бараме до предлагачот да ја повлече точката од дневен ред.
Недомаќинското работење не смее да биде на грбот на скопјани.
Скопјани не смеат да бидат осиромашувани и да ја плаќаат со свои пари неспособноста на СДСМ и градоначалникот Шилегов. Апелираме на носење на одлука со која е се заштитат интересите на Скопјани.