Во рамки на посетата во Лондон, премиерот Зоран Заев заедно со министер за финансии Драган Тевдовски се сретнаа со лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин и потпретседателката Емили Торнбери, од најголемата Социјалдемократска партија во Европа.
На средбата на Социјалдемократите од Македонија и Велика Британија беа афирмирани заедничките заложби за создавање едно општество за сите - инклузивно општество базирано врз принципите на социјална правда со фер даноци и поддршка за ранливите групи.
Претседателот Заев ги информираше колегите од Велика Британија за демократските реформи што се спроведуваат во Македонија, имплементацијата на економските и социјалните мерки, како и напорите што ги прави оваа влада за интеграција во ЕУ и НАТО.
Лидерите на Лабуристичката партија Корбин и Торнбери изразија поддршка за активностите на владата предводена од премиерот Заев, кои ја вратија стабилноста во Македонија и ги подобрија односите со соседите. Тие оценија дека за една година нашата земја се променила во позитивна насока и ја заслужува посакуваната евро-атлантска иднина.