Прилепчани трет ден се на улица и протестираат против усвојување на Законот за употреба на јазиците.

Како и вчера, така и вечерва река народ ги блокира улиците во центарот на градот.

Вчера побараа итно да се спроведе попис, а денеска оставка на Владата, нови избори и повлекување на законот за јазици. Прашуваат дали пратениците од СДСМ чувствувале срам поради донесувањето на ваков закон.

Законот за јазиците беше изгласан во средата во Собрание, без претходна амандманска расправа.