Во согласност со родителот и адвокатот, пратениците на ДУИ иницираа формирање на работна парламентарна група, каде ќе биде разгледан целиот случај со малиот Алмир.
Адвокатот на семејството Алиу, Алиспаиќ, рече дека очекува во овој процес ќе бидат изпеглани сите процедурални прекршувања и сите неправди направени од страна на Обвинителството.
„Иницијативата за формирање на работна парламентарна група беше предадена и архивирана уште денес, со иста форма како работната група за случајот Сопот. Бараме поддршка од сите партии, така што овој процес да не добие политичка, партиска или етничка насока“, изјавија од ДУИ.