Заев не кажа ништо ново. Зошто го велам тоа дека не кажа ништо ново, затоа што сите проекти кои што денес беа презентирани се всушност проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само потврдува дека буквално немаат идеја како да работат, немаат свои сопствени проекти и не знаат во која насока да ја тераат оваа држава и дека нема буквално ни едно „Р“ од реформите.

Сите овие проекти буквално уште еднаш ќе напоменам дека се започнати од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш ќе повторам дека 10 месеци се на власт и буквално ништо немаат сработено.

Експресниот пат Градско – Прилеп е започна со градба во 2016 година. Делницата Градско - Дреново која исто така ја распиша оваа влада е само дел од една фаза за која комплетно се обезбедени пари од страната на ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот за изградба на експресниот пат Штип - Радовиш е попишан во декември 2016 година , исто така средства се обезбедени од страна на ВМРО-ДПМНЕ односно од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За патот Чатал – Крива Паланка кој што всушност е дел од Ранковце- Крива Паланка, исто така се обезбедени средства уште во 2015 година. Сите овие проекти се започнати од ВМРО-ДПМНЕ.

За да биде небулозата поголема автопатот, Демир Капија – Смоквица е пат кој е завршен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а владата на СДСМ го одолговлекуваше неговото пуштање во употреба.

Исто така автопатот Миладиновци – Штип е започнат и веќе е во напредна фаза на реализација., во времето кога со владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ, а чија изградба беше стопирана неоправдано од владата повеќе од 10 месеци.