Димитар Стевананџија, од собраниската говорница му реплицираше на пратеникот Павле Богоевски на кого му кажа дека интерпелацијата е поради него, како што рече, да му проработела совеста.

„Ако има искрени и реални пратеници, нема да има влада вечерва“, рече Стевананџија.

Тој прочита цитат на Богоевски, каде што кажал: „Најдете доказ, ако Заев заговара двојазичност, јас ќе се повлечам од функцијата“. Стевананџија му рече на Богоевски да се казни самиот себеси и да се повлече од функцијата.

„Очекуваме Павле Богоевски да поднесе оставка, да ѝ се извини на јавноста и да проработи совеста во него за да биде вистинскиот борец за човекови права.“, рече Стевананџија.​