Попладнево во Собранието на Република Македонија продолжи седницата за доверба на Владата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за отпуштања, немање инвестиции, корумптивни скандали, убиства, запалени возила...Тие сметаат дека луѓето не се чувствуваат безбедно во Македонија.
Во однос на обвинувањата од опозицијата за лошата состојба во земјоделство, ресорниот министер Љупчо Николовски рече дека на почетокот на нивниот мандат исплаќање субвенции од 2016 година, кои не им биле исплатени на лозарите. Тој нагласи дека пред почетокот на сезоната, во ноември, декември и февруари ги исплатиле и субвенциите за одржување на лозовите насади или околу 600 милиони денари. Најави дека овие денови ќе биде исплатена и дополнителната поддршка од два денари. Оваа Влада, како што рече, донесе одлука за зголемување на субвенциите од 10 отсто за лозарите во оваа година.